Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавни обвинители

Предлог законот за советот на јавни обвинители отвори низа прашања на собраниската јавна дебата откако претходно беше образложена потребата од негово носење.

Со ова законско решение  детално е уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено барање од најмалку четири члена на Советот; засилена улога на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител , вклучително и можност за поднесување иницијатива за разрешување до Собранието. Сепак од работната група која работеше на законското решение додаваат дека во него се вградени  препораките на Венецијанската комисија .  

Дел од забелешките на ескпертската јавност  се однесуваа и на оценувањето на членовите на советот , а законското решение при изборот на ЈО бара сега кандидатите да се појават на интервју и освен биографијата да имаат и програма која ќе ја достават како предлог кој ќе го реализираат во  нивниот мандат. Расправата се одвиваше и во наскока на  начинот на кој се бира јавниот обвинител . Дел од укажувањата на експертите беа дека удел во изборот треба да има и советот на јо а не само владата, додека пак венецијанската комисија даваше предлог за избор на ЈО со двотретинско мнозинство од гласовите на пратениците наместо со просто мнозинство од 61 глас но оваа препорака не влезе во законското решение . 

 Овој закон е дел од поширок реформски пакет и има цел да одговори на утврдените слабости во функционирањето на Јавното обвинителство и неговите управувачки структури, како и да обезбеди усогласување со европските стандарди и препораки. Предло-законот за Советот на јавните обвинители заедно со предлог-законот за Јвното обвинителство беа доставени на мислење до Венециската комисија и притоа таа усвои позитивно мислење со неколку препораки.