Јаревски за ТВ 24: Уставни измени под бугарски диктат и ултиматум нема да има.
Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека е јасно на кој став стои партијата. Според него, очигледно е дека СДСМ сака или да изврши класичен дефокус или да направи замена на тези.
- Цела македонска јавност бешесведок не само на изјавите по лидерската средба, туку и на оние потоа. Принципиелни и конзистентни сме. Уставни измени под бугарски диктат и ултиматум нема да има. Не ја гледаме иницијатива за отпочнување на постапката во Парламентот, премиерот кажа до 17 јуни ќе биде, а главниот премиер Груби укажа дека ќе биде во јули. Моментот е како ДУИ ќе каже. Немаат гласови и затоа не ја отпочнуваат постапката, да имаа ќе отпочнеа. Постапката трае. Во идеални услови би била 4-5 месеци, со три фази. Немаат предуслови и упорно се обидуваат со некои спинови да направат дефокус. - вели Јаревски.

