Јаревски: Со зголемувањето на цените на Катастар до 300% власта уште повеќе сака да ги осиромаши граѓаните

 

Власта предводена од ДУИ и СДС, секој ден смислува нови начини, како што повеќе да удри по џебот на граѓаните и како уште повеќе да ги осиромаши, рече на денешната прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

Тој додаде дека по поскапувањата на храната, струјата, парно греењето и разно разни други услуги, дојде редот и на Агенцијата за Катастар, да ги зголеми цените, каде за некои услуги растот на цената достигнува и до 300%.

- Со овие нови поскапувања значи дека за упис на нов стан, во Агенцијата за Катастар, за добивање на имотен лист наместо како досега да чини 1.250 денари, сега граѓаните ќе плаќаат најмалку 3.750 денари и дополнителни 600 денари за нотарски услуги. Во случај да купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно плус 1.250 денари. Исто така сега, имотен лист во фаза на градба ќе чини 5.250 денари, а за услугата бришење на предбележување цената ќе изнесува 2.625 денари, – рече на денешната прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.