Јанушев за тв 24: Преспанскиот за нас е завршена работа
Foto

Јанушев за тв 24: Преспанскиот за нас е завршена работа

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа, се осврна на случувањата во Советот на општина Штип каде советниците од ВМРО-ДПМНЕ потпишаа уверенија под името „Република Македонија“. Јанушев потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор се нема променето, но дека ја разбира постапката на советниците.

- За ова разбрав од медиумите, не знам што точно се случило. Од тоа што го прочитав, уверенијата така биле напишани. Не амнестирам некого од одговорност. Ако е така, мислам дека одговорноста терба да се види во општинската изборна комисија, затоа што Уверенијата ги издава комисијата, а не градоначалникот. Нашиот став како ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот договор не се променил. Преспанскиот за нас е завршена работа. Од друга страна, како некој што му пречи придавката, ги разбирам и овие потези. Не го гледам како нешто на кое што треба да му се дава преголемо значење, ниту да му се посветува преголемо внимание. Ако ова го гледаме како прекршување на Уставот, при промената на уставното име, зошто тогаш не го гледавме тоа како кршење на Уставот. - рече Јанушев.

На прашањето како ќе функционираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставното име Република Северна Македонија, Јанушев вели ќе го прифатат каде што ќе мораат.

- Градоначалниците ќе потпишуваат документи каде што нема да биде возможно потпишување без придавката, но ќе има простор како што ќе може да покажат пркос. -истакна Јанушев.

0 Коментари

Остави коментари