Јанушев за тв 24: Лицитирање со датуми е лицитирање со животот на граѓаните
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа истакна дека на утрешната лидерска средба, ќе се разговара за состојбата во врска со епидемијата. Јанушев вели дека има формалности кои се предвидени за средбата и не сакаше да навлегува во детали, додека не се одржи средбата.
Јанушев рече дека по средбата ќе има и брифинг за новиинарите каде ќе бидат откриени сите детали од средбата. Во врска со датумот 14 јуни за одржувањето на изборите, Јанушев вели дека не смее да се лицитира со датуми, додека не заврши оваа состојба и дека здравјето на граѓаните сега е најважно.
„Многу е неблагодарно да се лицитира со датуми, тоа е всушност лицитирање со животите на граѓаните и тоа нема да го направиме и нема да влегуваме во таква игра што ни ја наметнуваат СДСМ и Заев.“ - рече Јанушев.
Јанушев вели дека гледаме како се помалку се вршат тестови и многу ќе биде неодговорно и тотално аполитично додколку се договара датум кој потоа треба да се одложува. Бројот на тестирани опаѓа, а бројката на заразени расте или останува на исто.
„Кога ќе има надминување на кризата, тогаш да одиме на избори. Ние не бегаме од избори, знаеме дека ќе бидеме апсолутни победници.“ - рече Јанушев.
Јанушев смета дека продолжувањето на вонредната состојба зависи од утрешната лидерска средба и дека кога се продолжила состојбата по втор пат се продолжила, неговата партија не била консултирана. Тој смета дека владата намерно сака да воспостави нормализација на ситуацијата и да се прикаже бројот на заразени дека е мал за да одат побрзо на избори.

