Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ: Тезите на Филипче дека ја победивме короната излегоа неточни, Зекири од СДСМ: Никој не прогласил завршена борба против вирусот
Foto

Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ: Тезите на Филипче дека ја победивме короната излегоа неточни, Зекири од СДСМ: Никој не прогласил завршена борба против вирусот

Во отвореното студио на 24 анализа, портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Игор Јанушев и  Мухамед Зекири дебатираа за датумот за изборите. Јанушев смета дека СДСМ на изборите ќе доживее дебакл, додека Зекири е сигурен во победата. Во однос на датумот, Јанушев вели дека партијата е спремна за отстапки на сметка на здравјето на граѓаните.

„Зекири се повикува на законите, но уредбата којашто е донесена од оваа влада иако ние укажавме дека оваа уредба не треба да се носи поради тоа што ќе донесе повеќе комликации, но вие не не послушавте, и тоа сега се докажува. Ние предложивме датум и се спремни на отстапки и не менуваме ставови, за разлика од Заев.“ - рече Јанушев.

СДСМ сака брзи избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители, и ВМРО-ДПМНЕ, за да ги поразиме на изборите, истакна Зеќири. Тој нагласи дека СДСМ нема отстапено од своите позиции, за одржување на избори по укинувањето на вонредната состојба, кога со почитување на уредбата на владата почнуваат да течат 22 дена до одржување на избори.

Јанучев беше дециден. Денес имаме 38 заразени, а СДСМ ги укина мерките и ги отвори кафаните, а тезите на Филипче дека ја победивме короната излегоа неточни, бројката на заболени се зголемува, рече Јанушев. Тој смета дека доколку СДСМ сака избори без оглед на се, јавно нека каже.

„Први сме во регионот по бројот на смртни случаи. Имаме најмалку направени тестови во целиот регион, само Албанија и Бугарија имаат толку малку.“ - рече Јанушев.

Зекири реплицираше дека никој не прогласил завршена борба против вирусот и дека се водат по тоа што кажуваат епидемиолозите и стручните лица. Потенцираше дека поголемиот број на заразени се должи на неказнувањето на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и посочи примери каде се гледаше прекршувањето на полицискиот час и масовните собири.

„Чулев свесно играше на оваа карта на неказнување и луѓето да се заразуваат, за вие да бегате од избори. Друга институција која казнува освен МВР, нема. Најдобро справување со кризата го прават институциите. Ова Чулев ова го толерираше по наше барање.“ - рече Зекири.

„Ова казнување и стапот по народот, не сте свесни колку ќе ви се врати. Граѓаните се виновни зошто има неспособна владата. Исплашени сте и ставени во тесно.“ - одговори Јанушев.

0 Коментари

Остави коментари