Јанкуловски за тв 24: Луѓето колку и да не веруваат во коронавирусот, потајно одат кај матичниот да им се закаже термин за тестирање
Foto

Јанкуловски за тв 24: Луѓето колку и да не веруваат во коронавирусот, потајно одат кај матичниот да им се закаже термин за тестирање

Денис Јанкуловски од центарот за јавно здравје во отвореното студио рече дека имаат зголемен број на работа и ги третираат веќе познатите кластери. Зголемениот обем е резултат на тестирањата, но и на непослушноста на дел од граѓаните.

„Она што го гледаме на терен ние докторите и епидемиолозите гледаме дека тоа е резултат на нечовечноста и непочитување на мерките.“ - вели Јанкуловски.

Проблемите почнуваат и при епидемиолошките анкети и тие се рефлектираат на работата, зошто недавањето на неточни податоци само ја усложнува работата. Несфатливо е како и покрај бесплатното тестирање, граѓаните одбиваат да се тестираат.

Доктор Јанкуловски истакна дека дел од оние кои веруваат во короната ги среќавале и на терен и каде затекнувале и граѓани кои биле позитивни, а сепак негирале дека вирусот постои.

„Како воопшто тврдат нешто кога имаме поразителни бројки? Не ми е јасно зошто се убедени во тоа? Јас им препорачувам, нека не веруваат, но да почитуваат.“ - вели Јанкуловски.

Некои сметаат дека е обичен грип или дело на виши сили, па луѓето повеќе сакаат да прифатат дека нешто нема. На терен им се укажува на граѓаните за опасноста, а добивале објаснувања од таквите граѓани рамни на научна фантастика.

„Луѓето колку и да не веруваат, потајно одат кај матичниот да им се закаже термин. Колку и да не веруваат бројките ги побиваат.“ - вели Јанкуловски.

Има предрасуди од секаков тип, па имало и ситуации каде епидемиолозите се следеле да видат каде ќе влегуваат. Имало и ситуации каде имало и петиции заразените да се преселат.

0 Коментари

Остави коментари