Јанкуловски во 24 анализа: Очекуваме економскиот раст да достигне до 3,7%
Заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски во 24 анализа рече дека, очекува годинава економскиот раст да достигне 3,7%. Според него, иако проекциите на Светската банка и ММФ се помали, сепак на крајот ќе се постигне бројката. Тој зборуваше и за тоа дека даночните приходи во првиот квартал годинава се поголеми за разлика од првиот квартал лани.
„Се почнува и тргнува од буџетот и од тоа зависи каков ќе биде растот. И минатата година имавме прогнози од нашите пријатели од надвор, имаше и позитивни и негативни но ние постигнавме еден солиден економски раст за разлика од она што го затекнавме. Беше 2,4% па го доведовме до 3%. Го цениме мислењето и на Светска банка и на ММФ но и на народна банка. Ги следиме фискалните параметри на квартално но и на дневно ниво. Убеден сум дека растот од 3,7% како држава, ќе го постигнеме. Очекуваме да има корекции и кај Светска банка и кај ММФ“, рече Јанкуловски.
Тој зборуваше и за тоа дека даночните приходи во првиот квартал годинава се поголеми за разлика од првиот квартал лани.
„Буџетот е во одлична кондиција, даночните приходи до 24 април 2025 се до 30% во поголем обем од првиот квартал минатата година. Вкупните приходи се за 12% поголеми од лани. Доцнењето на платите беа од административни проблеми, немаа врска со буџетот. Тој проблем неколку години наназад се случувал, се соочивме и го решивме тој административен дел и во идниот период нема да има доцнење на платите“, додаде Јанкуловски.