Јанкулоска денеска е спроведена во затворот во Идризово

Екс министерката во МВР Гордана Јанкулоска денеска е спроведена во затворот во Идризово.

Јанкулоска одговара за злоупотреба на службената положба и овластувањата зашто му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи блиндиран мерцедес, не за полицијата, туку за тогашниот премиер Никола Груевски, по негова нарачка.

Пред десет дена преку писмено соопштение Врховниот суд информира дека се донесени одлуки според кои се одбиени жалбите поднесени од страна на осудените Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски во предметот „Тенк“ и ја потврдиле правосилната пресуда за предметот донесена од страна на Апелацискиот суд.