Јанковска Михајловска во 24 анализа: Сите проекти за јавни објекти треба да се од овластени изведувачи

Претседателката на Собранието на асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска во 24 анализа рече дека сите јавни објекти треба да се изградени од овластени изведувачи. Според неа, важно е да се знае кои објекти се без лиценца заради безбедност.

„За објекти кои се јавни сите проекти треба да се од овалстени изведувачи. Тоа нема цена. Односот кога имате одговорност за толку луѓе е поинаков. Ќе смениме нешто, ќе смениме закони или ќе оди со само ставање некој во затвори и ќе заврши ова, популизмот треба да прекине. Државата сега започна со конторли во дискотеки но каде е безбедноста и во другите објекти. Ние не можеме жолтата летна да ја ослободиме за автобуси, такси и брза помош на улица. Ние генерално имаме проблем со безбедноста“, рече Јанковска Михајловска.

Таа потенцираше и дека свеста за евакуација и безбедност во Македонија е мала.

„Ерозијата има секаде не само во правилниците, ние имаме проблем на сите нивоа. Сега ќе прават вонредни инеспкеции. Кажете кој е со лажна лиценца, да знаеме кај да не одиме. Лиценците нека бидат на врата. Треба да се поттикне прашање за целосна безбедност. Свеста за безбедност и евакуација кај нас е мала, немаме култура. Ние како генерации тоа го поминувавме и учевме“, додаде Јанковска Михајловска.