Јаневски за тв 24: Да создадеме аранжмани во туризмот кои ќе бидат прилагодени на сечиј џеб
Foto

Јаневски за тв 24: Да создадеме аранжмани во туризмот кои ќе бидат прилагодени на сечиј џеб

Љупчо Јаневски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот вели дека третиот сет на мерки ќе дадат позитивна енергија во економијата. Последиците во туризмот се одраз на корона кризата во светот. Платежната картичка ќе биде 6000 денари за одмор, а 3000 за купување на храна и тие може да се искористат насекаде во сместувачки капацитети во државата.

„Препорачувам средствата да бидат земени како ваучери и да се искористат за летување. Да нема никакви злоупотреби.“ - вели Јаневски.

Како Агенција, Јаневски вели дека ќе ги мотивираат граѓаните преку кампањата „Дома си е дома“, за откривање на заборавени атракции. Ако државата се труди да ги задржи вработените, граѓаните да се стрпат и да ги посетат туристичките местата во државата. Треба да се подигне свеста кај граѓаните, дека има и домашен туризам, во кои има многу вработени. Со нашето одење на летување во државата, ќе овозможиме да делуваме директно во домашната економија и да внесеме сретства во буџетот.“ - вели Јаневски.

Тој вели дека треба да се создадат аранжмани во туризмот кои ќе бидат прилагодени на сечиј џеб, за да може секој да оди на одмор. На одморите, сигурно е дека ќе има протоколи за заштита кои се уште се подготвуваат, вели Јаневски, особено во туризмот.

0 Коментари

Остави коментари