Јаневска задоволна од бурните реакции за новата концепција за гимназиско образование

Денес е денот до кога може да се праќаат коментари за нацрт-концепцијата за реформи во гимназиското образование на е-адресата: javnarasprava@bro.gov.mk, откако таа беше објавена на веб-страницата на Бирото за развој на образованието.

Бројни отворени писма, повици и укажувања на стручната фела од областа на филозофијата, етиката и логиката, главно од Филозофскиот факултет на УКИМ, дека со концепцијата се редуцираат содржини од некои предмети од општествените науки.

Министерката Весна Јаневска е задоволна од бурните реакиции. Таа потенцира дека досега консултациите биле по дигитален пат, ама ќе продолжат и на терен за да бидат сослушани сите мислења. Јаневска посочи дека наспроти забвелешките од стручњаците, силна поддршка за новиот концепт имале од младите.

Професорот Дејан Донев во изјава за телевизија 24 истакна дека копјата најмногу се кршат т.е даваат забелешки за новиот модел кој предвидува бришење на конкретните предмети од корпусот задолжителни. 

До МОН реакција имаа и дел од гимназиските професори кои што стравуваат за своите работни места со овој потег и дека со отстранувањето на филозофијата, не само што се отсекуваме од основите на европската цивилизација ќе станеме периферија која самостојно избрала да се апстрахира и од современите текови.

Со своја реакција околу новата предлог наставна програма излегоа и од коалицијата за заштита на децата. Истата ја испратиле и до МОН вчера во која велат дека после детално разгледување на новата Концепција за гимназиско образование остро реагираат на обидите уште еднаш да се протне родовата идеологија во образование, овојпат од новата постава на новоизбраната власт.