Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи
Јавната расправа сè уште трае, затворена е само таа што се одвиваше преку информатичките технологии, се продолжува со дискусии за предлозите и барањата во врска со концепцијата за реформи во гимназиското образование, планирани се дополнителни посети и средби.
Јаневска најавни нови учебници за сите средношколци од следната учебна година.
Еден од приоритетите на МОН е и воведувањето на едносменско следење на наставата, во 141 училиште низ државава веќе се практикува. Паралено тече и планот за оптимизација на училишната мрежа, ученици од подрачните училишта да бидат преместени во централните. Јаневска кажа дека тоа е активност за која треба повеќе време поради проблеми околу марките во одредени општини поради доградбите или пак целосно градење на нови.
На прашање зошто на студентите од УКИМ им се наметнуваат дополнителни трошоци почнувајќи од оваа академска година и дали истите ќе се укинат, министерката поентира дека освен на два факултета цената за овие давачки е намалена.
За овие пари што треба студентите да ги даваат во неколку наврати реагираше и Универзитетското студентско собрание на УКИМ за што велат дека воведувањето дополнителни трошоци за материјални и онлајн ресурси на некои факултети не треба да бидат на товар на студентите, кои велат дека според закон за високо образование член 123 став 5 тековните трошоци на јавните високообразовни установи во целост се надоместуваат од државниот буџет.