Јаневска: Оптимизација на училишната мрежа ќе обезбеди современо образование за учениците

Оптимизација на училишната мрежа ќе обезбеди современо образование за учениците и нови можности за наставниците, уверува министерката за образование Весна Јаневска. Таа посочува дека оваа реформа има за цел подобрување на условите за учење и адаптација на системот кон современите потреби. 

Во процесот на оптимизација на училишната мрежа се вклучуваат нови 23 општини, а досега се финализирани плановите за 10 општини. Штип е една од нив која како дел од овој процес веќе започна активности во насока на оптимизација на мрежата.

Оптимизацијата на училишната мрежа води кон воведување на едносменска настава за сите основци, а се очекува да овозможи и рационално искористување на расположливите материјални и човечки ресурси, но и за намалување на режиските трошоци.