Јанева ќе бара одложување на одењето во затвор, Јовановски не коментира
Foto

Јанева ќе бара одложување на одењето во затвор, Јовановски не коментира

Кривичниот суд ја добил одлуката од скопска Апелација со која се потврдува затворската казна за Катица Јанева од 7 години и за Боки 13 од 9 години.

Сега треба да се комплетира предметот по што ќе биде испратен до судија за извршување санкции, кој пак треба да издаде наредба бојан јованвски од куќен притвор да биде префрлен во затвор.

Судот во Гевгелија пак треба да одлучи кога поранешниот прв човек на сјо треба да замине во Идризово.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска вчера за тв 24 најави дека ќе се жалат на Врховен, но и ќе бараат одложување на извршувањето. Адвокатот на Јовановски не одговараше на повиците.

0 Коментари

Остави коментари