ЈАНЕВА И БОКИ 13 ОСТАНУВАAT ВО ПРИТВОР

Бојан Јовановски - Боки 13 и Катица Јанева остануваат во притвор. Основниот кривичен суд ги одби барањата на адвокатите на Јовановски и Јанева за укинување на мерката притвор. Двајцата се осомничени во случајот „Рекет“.

„Предлогот на обвинетата К.Ј. за укинување на мерката притвор со прифаќање на гаранција или определување на мерки на претпазливост се одбива како неосновано. Како неосновано се одбива и предлогот на обвинетиот Б.Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решенија на Кривичен совет, и замена со поблаги мерки за претпазливост“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Против овие решенија Јанева и Јовановски имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд. Боки 13 е во притвор од 15 јули, додека Јанева беше притворена на 21 август.