Јанчева: И по четири месеци, мостот „Беласица“ се уште не е саниран

И по четири месеци од пожарот, мостот „Беласица“ се уште не е саниран поради неспособната  градска власт на ДПМНЕ – вели советничката на СДСМ во Град Скопје Љубица Јанчева. 

Тврди дека надлежните институции не можат да ги постават новите цевки  затоа што мостот не е саниран а има и опасност скопјани да останат без навремено снабдување со парно. 

Мостот „Беласица“ е витална артерија во градот и по неговото затворање граѓаните се соочија со сообраќаен хаос. Изминатите недели се отстранувата опожарените цевки и теренот се подготвуваше за поставување на нови. И на почетокот на септевмри оваа траса која поврзува повеќе населби е затворена за сообраќај.