Јанакиески е вратен во затворот во Шутка, по приемот во ГОБ „8-ми септември“
Од вербалнна расправија до тепачка. Вака завршиле двата инцидента во истражниот затвор во Шуто Оризари во кој инволвирани се поранешните министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски . Повикувајќи се на очевидци директорот на затворот Ѓоко Котевски вели дека станува збор за два посебни инциденти во кои вербалните провокации ги направиле токму Јанакиески и Ристовски, а подоцна дошло и до физичка пресметка во која и двајцата се пожалиле на повреди, а Јанакиевски бил префрлен во Градската Општата Болница 8 ми септември од каде по направените лекарски прегледи директорот на болницата Христијан Костов информираше дека посериозни повреди не биле констатирани, а осомничениот Јанакиески повторно бил вратен во притвор.
Осомничениот Јанакиески во болницата беше под полициско обезбедување, со чии службеници лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Мицкоски и други високопартиски членови влегоа во вербален конфликт, при што не им било дозволено да го посетат Јанакиески. Мицкоски побара оставки од премиерот Заев и министрите Спасовски и Дескоска. Од СДСМ пак обвинија дека токму Мицкоски и Груевски се режисери на овие инциденти.
И од министерството за правда остро го осудија овој инцидент и велат очекуваат санкционирање на сторителите на насилството.