Јамал стана најмлад стрелец во историјата на ЕП
Ламин Јамал е апсолутен хит на Европското првенство и ги собори сите рекорди. Откако со само 16 години стана најмладиот стартер и најмладиот асистент во историјата на едно Европско првенство, денес стана и најмлад стелец. Јамал со еврогол го изедначи резултатот меѓу Франција и Шпанија.
Веднаш потоа и Кунде си постигна автогол за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2-1.