Јаков Јозиновиќ на 9 април за првпат ќе настапи пред македонската публика
Младиот Јаков Јозиновиќ од Хрватска, кој стана препознатлив преку спонтаните видеа на улица и преработките на песни на големи екс-ЈУ имиња – едно од нив, кое стана вирално на социјалните мрежи, е пејќи ја „Песно моја“ од Оливер Драгојевиќ на Сплитска ривиера – денеска полни арени на Балканот.
За првпат пред македонската публика ќе настапи во април во Арената „Јане Сандански“. Неговиот најнов сингл „Ја волим“ во Македонија е на врвот на листите. Концертот во Скопје е дел од турнејата „Летам за чуда“, а на мапата на концерти се впишуваат и Загреб, Белград, Нови Сад, Риека, Осиек, Сплит и Љубљана.

