Јакимовски за тв 24: Секој градоначалник треба да остави големи дела зад себе
Foto

Јакимовски за тв 24: Секој градоначалник треба да остави големи дела зад себе

Стевчо Јакимовски претседателот на партијата ГРОМ, во Студио 10 истакна дека функцијата градоначалник е одговорна и дека секога градоначаник треба да придонесе за унапредување на општината каде е поставен.

„4 години не се малку. За тој мандат се решаваат многу проблеми. Јас на чело со Коце Трајановски дадовме многу во инфраструктурата. Тоа се крупни зафати. Секој градоначалник треба да остави големи дела зад себе за да го паметат.“ - рече Јакимовски.

Тој говореше за состојбата со дивоградбите во градот, но и ја повика државата слободно да го испита неговото работење.

„Ниту еден стан немам. Одговорно тврдам. Целата таа приказна мораше да издише, а тоа мораше да дојде преку кривични пријави. Од 100 години наназад, ние за политичко мислење би се убивале. Јас стојам зад тоа дека државата може да ме контролира кога сака и каде сака. Јас треба секогаш да бидам исправен и кога тоа ќе се констатира, треба да го признае. Јас сум прогласен за најуспешен градоначалник во југоисточна Европа“, изјави Јакимовски.

0 Коментари

Остави коментари