Јакимовски за тв 24: Не треба да покажуваме сила на пописот, зошто тоа ќе ни се удри од глава
Foto

Јакимовски за тв 24: Не треба да покажуваме сила на пописот, зошто тоа ќе ни се удри од глава

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во емисијата 24 анализа смета дека власта треба да биде свесна за отстапките за кои смета дека претерала и тоа е одговор на граѓаните за попустливата работа на власта. Тој смета дека дури и партиите да викаат на попишување, дел од граѓаните одбиваат.

„Во опасна ситуација сме и треба да се корегира тоа што може ако сакаме да имаме успешен попис и да имаме резултати. Не треба да покажуваме сила, зошто тоа ќе ни се удри од глава. Народот кога не може да се спротивстави, се повлекува и тоа го искажува на избори и со одбивање.“ - вели Јакимовски.

Тој потенцира дека има граѓани кои се подготвени да направат штета на државата за да се спротивстави на ваквиот однос во кој нема дијалог за оваа работа. Во однос на вакцините, Јакимовски вели дека за да некое лице биде вакцинирано, ќе треба 20 дена за ревакцинација и ќе нема време. Сето тоа укаува за непотребно брзање на пописот.

0 Коментари

Остави коментари