Јакимовски со поддршка за младите од Карпош: Целосно ќе ги покриеме трошоците за возачка дозвола

Кандидатот на Гром за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска најави поддршка за младите во општина Карпош преку покривање на трошоците за обука и полагање испит за возачка дозвола.