Јакимовски: Реално е да сме на чекор од војна со ваков развој на настаните!
„Се случува инвазија, главниот удар е од Белорусија, Русите се на 150 километри од Киев. Воздушните удари се врз воени објекти, се влегува од сите правци. Уште 6 области сакаат да се приклучат кон Русија. Она што е запрепастувачки за мене, изјавата на Путин, планира да ја покори цела Украина. Обидите да се дојде до руски граници и да се заокружи Русија е опасен потег. Оваа работа е премногу сериозна, ова може да има верижна реакција. Не случајно е дојден носачот на авиони на Балкан, има нова воска на Бонстил. Во Украина осум години се отпуштаат од работа Руси, 15.000 и Украинци и Руси се загинати пред инвазијата. Кога ќе си изберете претседател комичар, едно сабајле ќе си доручкувате гранати. Наместо да најдат начин да ја смират ситуацијата, тие ѕвечкаат со оружје. Ако се вклучи НАТО, ќе има употреба на нуклеарно оружје, ќе биде тешка војна. Не можат НАТО да го донесат тешкото вооружување. Сега во опасност се Летонија, Естонија, руските граѓани таму немаат право на глас. Целата работа се исценира за да се воведе санкција на Русија. 7 милиони Руси има во Украини. Не сум проруски, но од 2018 кажувам - не треба да се предизвикува Русија“ - вели Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош во Студио 10 на ТВ24.