Јакимовски: По три дена неоправдано отсуство следува отказ – лажното боледување на Лукровски заврши, а тој сè уште не оди на работа

По користењето на лажното боледување имаше обврска да се јави на работа на 30 мај, до денес, тој не е појавен на своето работно место вели поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Тој прашува дали на овој начин Мицкоски и Лукровски се закон над законите. Повикувајќи се на Законот за работни односи тој побара реакција од Трудовиот инспекторат, оценувајќи дека станува збор за неправилност која, според него, оди на штета на граѓаните на Општина Карпош. Според Јакимовски, најсоодветно решение би било одржување на предвремени локални избори, на кои граѓаните повторно би го избрале раководството кое ќе работи во интерес на граѓаните. 

Сотир Лукровски кој го доби легитимитетот на граѓаните д абиде градоначалник е на боледување повеќе од еден месец. Прашан зошто Лукровски не е вратен на работа кога боледувањето му е истечено на 30 мај, премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека здравствената состојба бара да мирува.

Инаку согласно законот, во делот на надлешностите на градоначалник му престанува мандатот по сила на Закон ако, меѓу другото, во случај на неоправдано отсуство подолго од 6 месеци и ако престане да биде жител на Општината.

За оправданоста на отсуството на градоначалникот подолго од 6 месеци одлучува Советот со двотретинско мнозинство од вкупниот број на членови на Советот.