Извршителите го оспорија законот за извршување пред Уставен суд, владата им порача дека се алчни
Foto

Извршителите го оспорија законот за извршување пред Уставен суд, владата им порача дека се алчни

Извршителите на Уставен суд оспоруваат два члена од новата регулатива за нивната сфера. Се жалат дека им се намалени приходите и сметат дека е противуставно тоа што од социјалци не смеат да ги наплатуваат надоместоците и наградата за нив. Во иницијатаивата наведуваат дека наместо државата да се грижи за социјлната катергорија граѓани, сега теретот паѓа врз нив.

„Во овие случаи извршителот мора да работи бесплатно, а со тоа директно се засега во заработката од сопствената работа.“- стои во иницијативата поднесена од адвокатот Игор Спировски.

Во оваа иницијатива доставена до Владата и Уставниот суд, извршителите бараат со привремена мерка да запрат ваквите извршувања додека не одлучат уставните судии. Владата ги отфрли поплаките на извршителите посочувајќи им дека и со претходниот закон не смееле да наплатуваат од социјалци. Дополнително на останатите забелешки што ги имаат извршителите владата им одговара дека се водат самно од сопствените интереси.

„Наместо да се спроведе извршувањето со еден налог извршителите,  водејќи се од лукративни причини спроведуваат извршување со други средства за извршување со цел зголемување на трошоцитеза извршувањето кои одат на сметка на извршителот.“- стои во одговорот од Владата.

Извршителите реагирале и затоа што не можат да наплатат по 500 денари за да достават налог во банките за блокирање на сметката на должникот. На ова владата им возврати дека ваквите наводи се во целост неосновани, бидејќи трошокот на банката за блокирање и одблокирање, не ги плаќа извршителот со поднесување на налогот за извршување туку банката ги наплаќа од транскациксата сметка на должникот.

Владата иницијативата ја разгледала на една од седниците минатиот месец. Во одговорот им порачува на извршителите дека државата не им ги пренела своите овластувања за да се третираат себеси како да извршуваат слободна економска дејност која може да генерира приходи кои може да се третирата како сопственост. Им препорачува на Уствните судии да ја отфрлат иницијативата.

0 Коментари

Остави коментари