Извршен одбор на СДСМ

Вечерва СДСМ е пред можеби најтешкиот внатрепартиски испит по изборниот дебакл. Во 19 часоooт Извршниот одбор ќе заседава во обид да одговори на кризата што ја отвори платформата „12:05 – Разговори за иднината“, а која ги извади на виделина длабоките поделби во партијата.

По обвинувања меѓу раководството и иницијаторите на платформата, сите погледио вечерва се вперени кон лидерот Венко Филипче. Ќе се бара ли смирување на тензиите или ќе следуваат мерки против дел од учесниците во иницијативата – засега нема официјален одговор од партијата.

Но, во пресрет на седницата, реториката дополнително се заостри. Откако Славјанка Петровска порача декамм бара промени, а не уривање на СДСМ, партијата денеска со ново соопштение жестоко го нападна Андреј Петров.

Го обивни елитизам оценувајќи дека платформата не е реформска иницијатива, туку обид за слабеење на   СДСМ и индиректна помош за власта.

Дали вечерва ќе почне процес на помирување или СДСМ ќе влезе во нова фаза на внатрепартисккка пресметка? Одговорите се очекуваат по седницата на Извршниот одбор.