Извозот на производи за Германија расте, но благодарение на германските инвеститори во земјава

Извозот на производи за Германија расте, но благодарение на германските инвеститори во земјава. Десетина години овој тренд бележи нагорна линија. Се извезува претежно делови за автомобилска индустрија, седишта за автобуси, возови, медицинска опрема, специјални бакарни кабли.  

Од Германската стопанска комора, порачаа дека има и квалитетни македонски компании кои можат да станат добавувачи за германскиот пазар.

Но, исто така она што е значајно за нас е изградбата на синџите за добавувачи. Има многу квалитетни македонски компании кои можат да станат добавувачи на германските компании кои работаат во металопреработувачка индистрија за произво  дство на челик тие можат да конкурираат како компании добавувачи за германскиот пазар, изјави Ванделт

За да се постигнат зацртаните цели посочи Ванделт, треба да се надминат одредени предизвици, пред се заминување на стручни кадри во западно-европските земји. 

Треба да се внимава на одржливоста на индустриското производство, да се внимава на стандарди да се посветиме на зеленета енергија и она што е исто така значајно е задржување на стручните кадри во земјата и добри услови за нив, изјави Ванделт.

Премиерот Мицкоски на деловниот појадок со мрежата на германските комори изјави дека очекува уште три нови германски инвестиции во земјава до крајот на годинава. Трговската размена со Германија како што посочи е огромна и надминува 5 милијарди евра, а повеќе од 25 илјади македонски граѓани се веќе вработени во германски компании.