Извори од ВМРО-ДПМНЕ: Се разгледуваaт сите опции за граѓанска непослушност
Сите опции на граѓанска непослушност - ова е една од опциите за кои Христијан Мицксооки размислува како клучна за целосната блокада на системот, која ја најави како чекор кон предизвикување на предвремени избори, брифираат за ТВ 24 високи партиски извори.
Освен граѓанска непослушност, во планот на првиот опозиционер според истите извори се и селекктивна соработка на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со централната власт, надградена и проширена блокада во собранието, протести во градовите, како и блокада на патишта.
- Целосната блокада ќе биде во Парламентот, но и блокада на патишта, протести низ градовите. Блокада на процедурите и системот. На тој начин нема да легитимираме систем. Се разгледуваат сите опции на граѓанска непослушност, вели за ТВ 24 функционер на ВМРО -ДПМНЕ. - вели Функционер на ВМРО ДПМНЕ.
Официјално од партијата на Мицкоски и денеска со повик до премирот Ковачевски да прифати избори, бидејќи велат без избори само ќе се продлабочува кризата.
Предвремените парламентарни избори се нужни и мора да се случат што побрзо. Секој ден, ама буквално секој еден ден поминат со оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е нова катастрофа и нов пораз и за државата и за граѓаните. Тоа мора да прекине и не смее да ни се случува повеќе како држава.
Ковачевски и Ахмети треба јасно да знаат дека граѓаните бараат промена на оваа криминална власт и дека единствено, ама единствено решение се само предвремени парламентарни избори. И нема друго решение. Тоа е единственото решение.
И додека опозицијата не се откажува од избори од Бихажка и денеска ја повторуваат вчерашнат порака на нивниот лидер дека избори нема да има. Од Бихаќка ја повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадата, бидејќи била на штета на државата, но сепак нема одговор како планира владата да се справи со блокадата на опозиционерите, а без конкретени детали остана и вчера премниерот Ковачевски, и покрај помошта од коелицискиот партнер Али Ахмети.
Колку жешкото политичко лето што го палнира опозицијата, може да испровоцира предвремени избори и покрај фактот што коалициските партнери на СДСМ, на чело со Али Ахмети му се заколнаа на верност до 2024, засегане извесно, бидејќи барем декларативно и официјално и владејачкиот и опозицискиот фронт стои на своето кога би требала Македонија да трча нов парламентарен маратон.