Извори од МНР за ТВ 24: 19 македонски државјани бараат евакуација од Израел, 300 од Дубаи, преку Турција од Иран евакуиран фудбалерот Ашковски

400 македонски државјани од загрозените жаришта, покажале интерес за евакуација , од нив 30 за напуштање на земјата во првата прилика. Според информациите на ТВ 24 19 македондски државјани покажуват интерес за евакуација од Израел, тие се од евидентирани 70 жители од Македонија таму. Во Катар Македонија има 65 државјани, плус 20 од нив се заглавени на крузер, од вкупниот број  според информациите од МВР само 11 побарале евакуација. Во Дубаи   Македонија има 360 државјани во моментов , од кои 300 бараат да бидат извлечени. 

Според информациите за дел од нив не се икслучува евакуација преку ЕГИПЕТ.

Официјалните информации на МНР, од Катар и Емиратите нема дозвола за евакуација, поради бебзедносни причини.

Аеродромите се затворени,  а препораките и на македонскит и на локалните валсти се граѓаните да останат дома. Вчера МНР успешно од Иран преку Турција го евакуирала македонскиот фудбалер и репрезентативец Стефан Ашковски.