Извори од истрагата за ТВ 24: Ќе се прави финансиско вештачење на документи од општина Гостивар и ЈП Комуналец

Финансиската документација од општина Гостивар, тендерите за набававка на хлор распишани пред јавнсота да дознае за еподемијата, наредбите и комуникацијата меѓу општината и ЈП Комуналец Гостивар, нивните документи, но и извештаите од ЦЈЗ Тетово, особено од 29 јуни и 13 јули - се дел до документацијата која според извори на ТВ 24 од истрагата  ја побарале од Јавно обвинителство од Гостивар. 

 

Според  истите извори  дел се чекаат, дел се стигнати и се врши испитување .Според информациите ан ТВ 24 ќе се прави и фианнсико вешташење, а докуемнтите од општината меѓусебно е ќе се вкрстат и со гостиварскиот водовод и ЦјЗ, но и извештаите кои биле сотавуавни до ИЈЗ. 

 

- Издадени се наредби за обемна документација, од општина Гостивар, ЈП Комуналец од Гостивар, гостиварската болница др. Ферид Мурад, како и од ЦЈЗ Тетово. Еден дел од фокусот е на финансиските извештаи и тендери, другиот на наредбите и одлуките за поставување водните пумпи, кои истотака се вештачат – вели за тв 4 извор од истрагата 

Резултатаите од сите девет примероци стигнале до обвинителството од нив само  имам еден чист од една чешма. Министерот за здарвство пак Сашо Клековски во 24 интервју порача дека ќе се испитува и евентуалнит обид да биде забошотен случајот.

 

Според информациите паралелно со оваа истрага се води уште една за вработен во гостиварскиот водовод кој загинал во канал, 10 дена пред да бидат пуштени во употреба спорните пумпи. Се чека официјалниот обдукциски наод иако причината за смртта на работникот според обвинителството е срцев удар.

 

Досега осомничени се три лица Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои се на раководни позиции во јавното претпријатие „Комуналец“, кои се во 30дневен притвор. Од ОЈО Гостивар потенцираат дека истрагата може да се прошири и на други лица, доколку се најдат докази.