Извонреден успех на нашата таеквондистка - златен медал за Рељиќ

Мила Рељиќ од Таеквондо Клубот Тигри - Скопје, постигна извонреден спортски успех викендов со освојувањето златен медал во конкуренција сениорки -62кг на меѓународниот таекводно натпревар Винер Израел Опен од Г2 серијата на меѓународните светски натпревари.

На натпреварот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија и други.

Во својата категорија, сениорки -62кг, Рељиќ во борбата за златениот медал ги победи и репрезатативката на Израел, Наама Биненсток а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина. 

Ова е прв златен медал за 19 годишната Рељиќ, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.

Тренерот на Мила Рељиќ, Александар Ефтимов најавува и нови успеси со оглед на тоа што претстојат Европското Клупско првенство од 22-26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21 година кое ќе се одржи на крајот од септември во Албанија, а тренерот се надева на успех и на Светското првенство во ноември во Мексико.