Извлечени двојките за ракометниот Куп на Македонија

Со ждрепка денес се извлечени двојките за првото коло во ракометниот Куп на Македонија.

Извлечени се следниве двојки: 

  • Бисинов Фрут Ленд – Мулти Есенс
  • Металург РА – Скопје 2020
  • Голден Арт – Аеродром
  • Кичево 2020 – Вардар Неготино
  • Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
  • Партизан – ГРК Тиквеш
  • Еурофарм Пелистер – Шампион
  • МРК Куманово – Текстилец
  • Бутел Скопје – Македонија Ѓ. П.
  • Борец – Пролет 62
  • Драчево – Алкалоид
  • Преспа – Радовиш
  • Прилеп – Јехона
  • Астраион – Струга
  • Младост 1977 – Охрид. 

Натпреварите треба да се играат викендот 9 и 10 декември.

Бранителот на трофејот Вардар е слободен во почетното коло.