Извесно бугарско вето во декември
Foto

Извесно бугарско вето во декември

Македонија речиси сигурно ја чека уште едно вето од Софија следната недела, велат високи дипломатски извори за МИА во Брисел. На денешниот состанок на амбасадорско ниво во Унијата, на кои се разгледуваа заклучоците кои ќе треба да бидат усвоени на Советот за Општи работи на 8ми декември, Бугарија повторила дека нема да ја тргне блокадата за Македонија. 

Од заклучоците е отстранета и опцијата за датум за прва меѓувладина конференција, а датумот ќе биде вклучен во самата преговарачка рамка, која засега не се знае кога ќе биде усвоена. Од Советот на ЕУ за МИА велат дека консултациите продолжуваат, а амабасадорите ќе се состанат повторно во среда. 

Скопје да даде гаранции за реформи, а Софија да се откаже од ветото, порачува пак  поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев во анализа за бугарски медиум. Според него Македонија пред 25 години направила грешка со Грција и сега е соочена со истата дилема – да се спротистави или соработува со Бугарија. 

Телоп Росен Плевнелиев поранешен претседател на Бугарија - Се наоѓаме во историски момент. Бугарија има голема одговорност за она што се случува во регионот. Одлуките што треба да се донесат оваа недела во Софија, Скопје, Берлин и Брисел секако ќе ја сменат насоката. Најголем предизвик за македонската влада во моментот е идеологијата на Тито поддржана од Русија и идејата за „Голема Албанија“ на Албанците во Северна Македонија. 

Софија и Скопје преку активен дијалог на највисоко ниво да преземат обврска дека во текот на следните месеци официјално ќе ги известат земјите членки на ЕУ дека Македонија е подготвена да ги стартува преговорите, порачаа и поранешните бугарски министри за надворешни работи и за одбрана, Ивајло Калфин и Бојко Ноев.

Според нив Бугарија има историска одговорност и интерес да биде мотор на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан.

0 Коментари

Остави коментари