Извештајот на Светска банка уште една потврда за тоа дека економијата е во втор план

Извештајот на Светска банка е нова потврда дека економијата и натаму не е помеѓу приоритетите на носителите на политики во Македонија.

Тоа што земјава е сместена на самото дно по очекувањата за економскиот раст е загрижувачки податок за бизнисот, бидејќи со таквите тенденции уште повеќе како држава сме одалечени земјите од Европската Унија, каде што настојуваме да одиме, а таму економиите растат над седум отсто.

За барем двојно да го зголемиме растот на БДП треба да сед воведат системски мерки на кои пак им е потребно време да го дадат посакуваниот ефект.

„Во тие мерки треба да бидат: подобрување на квалитетот на образование, подобрување на здравствениот систем, подобрување на правосудството, искоренување на корупцијата, а сето тоа да може да го направиме ние треба да се фокусираме на најдобрите кадри, со кои располагаме во секоја сфера.“ - вели Орце Симов потпретседател на ССК.

Според универзитетскиот професор Трајко Славески, проблемот за нискиот раст на економијата се функционирањето на институциите, потоа вели виновен е и погрешниот моделот на властите - да се форсира личната потрошувачка како и ниската продуктивност на трудот, односно на работниците.

„Сосема нов модел на раст, со поддршка на производните и извозните компании, а не очекување да ако популистички зголемувате номинално плати и пензии а цените растат побрзо од нив ништо не правите од поглед на животниот стандард. Може, секако и со порационално раководење на институциите, поефикасно извршување на инвестициите, затоа што и тоа што се јавни инвестиции, поради високото ниво на корупција, заради неподготвеност лошо менаџирање, даваат многу слаби резултати.“ - вели Славески.

Ниту капиталните проекти кои се градат во земјава а со нив треба да се подобри економската состојба во земјава, не даваат резулата бидејќи добар дел од нив не се исплатливи. Професорот Ванчо Узунов вели дека мора да почнеме да вложуваме посериозно во човечкиот капитал. 

„Ако некој успее да направи реформа, и да го подобри оброзованието едно скалило, тоа не да е капитална инвестиција за Македонија, тоа е подобро од било кои патишта да се изградат.“ - велуи Узунов.

Во однос на инфлацијата, од Светка Банка предупредија дека вештачкото зголемување на платите кои не се во согласност со продуктивноста на работниците може да биде закана за нови инфлаторни турбуленции.

Од Меѓународниот монетарен фонд денеска соопштија дека големите економии ги очекува продлабочување на буџетскиот дефицит а тоа значи и зголемување на нивниот јавен долг, нешто што во моментов се случува и во Македонија. Само за неколку месеци според информациите, буџетската дупка на земјава е продлабочена за нови 400 милиони евра.