Извештајот на економија покажал минимален раст на цените кај производите , граѓаните се жалат на скапотија, мерки неизвесни
Имаме минимален пораст на цените и намалена трговска маржа кај основните производи.
Ова попладнево го утврдија Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат - базирајќи се на направената компаративна анализа на движењето на цените - согласно заклучоците од денешната владина седница.
Најголем пораст има кај хигиенските производи од 1,42 %, кај дел од основните производи масло сирење, јајца имаме зголемување од 0,45%. Евидентирано е намалување на цените кај овошјето зеленчукот и безалкохолните пијалоци.
Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири со различно ценовно позиционирање, во периодот од 1 февруари до 1 април годинава.
Министерство за економија
- Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43%, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01%. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28% на 15,80%, што укажува дека дел од притисокот од растот на набавните цени е апсорбиран од трговците, со цел да се задржи стабилноста на цените за граѓаните.
Од Министерството за економија веалт дека ќе продолжат активно да ги следи пазарните состојби и, доколку е потребно, ќе предложи соодветни мерки за стабилизација на цените.
Премиерот Мицковски пак вели дека ќе има мерки, но откако детално ќе биде анализиран извештајот од владината седница.
Дел од граѓаните велат дека повеќе нема време за анализи на состојбата. Мора веднаш да се реагира оти цените отиднаа до плафон.
Од Опозицијата бараат итни и неодложни мерки за намалување на растот на цените. Наместо конкретни мерки Премиерот Мицковски постојано чита цени на горива кои ги утврдува Регулаторна комисија за енергетика, обвинуваат од СДСМ од каде изминатиов период понудија низа предлози за намалување на цените на горивата и храната.

