Извештајот на ЕК во собранието ги скара пратениците

Кој е виновен што змејата се уште чека да ги почне преговорите со ЕУ. Власта и опозицијата ги вкрстија копјата на денешната пленарна седница откако вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ги бранеше политиките на актуелната влада но и се пофали дека земјата во одредени области имала и подобри оценки од земјите во регионот. 

Дискутирајќи за извештајот  на ЕК за нашата земја пак опозицијата во собранието не пропушти прилика да ја искритикува власта за според нив погубните политики но и преговорите со официјална Софија и уште еднаш да праша за што преговараат властите во Софија и Скопје .

Расправата на денешната собраниска седница се однесуваше на оценките од извештајот на ЕК за Македонија 2021. Главни теми покрај преговорите со Бугарија беа и криминалот и корупцијата но и работата на правосудниот систем за кои повторно народните избраници од власта и опозицијата влегоа во клинч.