Извештај за индексот на бирократија: Македонија со најмало бирократско оптоварување за компаниите
Foto

Извештај за индексот на бирократија: Македонија со најмало бирократско оптоварување за компаниите

На една компанија во земјава и се потребни 146 часа за да биде во согласност со сите законски барања. Истражувањето за индексот на бирократија покажува дека македонија од сите опфатени земји има најмало бирократско оптоварување во однос на процедурите и бројот на часови кои им се потребни на компаниите за да ги завршат сите обврски кон државата.

Слабостите главно се во оние области каде законската регулатива се уште не е усогласена со европската унија или е во процес на усогласување. Обврски со кои допрва ќе се соочат компаниите се управувањето со отпад и заштитата на личните податоци.

0 Коментари

Остави коментари