Извештај СЈО: Кривични истраги за 64 лица за шест месеци
Foto

Извештај СЈО: Кривични истраги за 64 лица за шест месеци

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, односно Специјалното јавно обвинителство, денеска го објави својот најнов, седми по ред, полугодишен извештај.

Извештајот, кој доаѓа во време кога СЈО е мета на перанентни напади во јавноста, се однесува на периодот од 15. септември миатата година заклучно со денешниот ден, е напишан на 103 страници и она што е карактеристично за него се однесува на пресудите во два судски предмета, а коишто се однесуваат на три обвинети лица, но и на поднесените две обвиненија за предметите наречени „Талир“ и „Талир 2“.

Како резултат на прибавувањето на предмети во рамки на законските надлежности на Основното јавно обвинителство во Скопје, односно Битола, во текот на овој извештаен период донесени се решенија со кои се воспоставува стварна надлежност во рамки на предметите „Империја“ и „Талир“. Во текот на седмиот извештаен период отворени се осум нови истраги насочени против 64 лица. Евидентно е дека како едно од побитните обележја се осумте нови финансиски истраги за кои, се верува, дека преку извршените кривични дела, државата е оштетена 92 милиони евра. 

„И покрај донесеното правно мислење на Врховниот суд, во однос на постапувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како и повикувањето на ваквото мислење од страна на дел од осомничените и нивните бранители, евидентно е дека ова Јавно обвинителство постапува исклучиво во рамки на своите законски овластувања во рамки на предметите што ги води.“ - СЈО.

Во делот кој што говори за оперативните активности и работа на предмети се констатира дека истражителите презеле 1.167 дејствија кои опфаќаат изготвување на службени белешки, увид во документација на правни субјекти, учество во претреси, учество во сослушување на сведоци, осомничени и обвинети, изготвување на финансиски анализи на документи и слично. Во текот на извештајниот период, во рамки на постапување по преземени предмети имало вкупно 4.459 дејствија.

Во изминатите шест месеци, економските советници на СЈО биле вклучени во 20 предмети, од кои 16 предмети се во предистражна, три во истражна постапка и еден предемет за кој е подигнато обвинение. СЈО има изготвено 129 службени белешки на 955 страници како сублимат на обработени докази од 84.338 страни, 3.649.924 трансакции, со опфат на 64 правни лица, 63 физички лица и седуммина корисници на буџетски средства по предметите. Во делот на предистрагите, според извештајот, биле отворени 81 постапка. Од овој број 14 предмети биле формирани по сопствена иницијатива, а 67 предмети по пријави од други подносители. Со претходно отворените 162 предистраги, во извештајниот период, се работело на вкупно 243 постапки.

0 Коментари

Остави коментари