Извештај на ЕК за Македонија: Нема обиди за уставни измени, Преспанскиот договор повремено се игнорира, изборни дезинформации и странско манипулирање

Дваесетина од 33 преговарачки поглавја се без или со ограничен напредок -  нотира новиот извештајот на ЕК за Македонија  . Нема обиди за уставни измени ... Извештајот нотира и на потребата од продолжување на  дијалог и меѓусебно почитување , а укажува и на тоа дека   историската комисија со Бугарија  нема видливи  резултати и покрај четирите состаноци во рок од една година

„Не беа направени обиди за усвојување на релевантните уставни измени наведени во Заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година. Земјата се обврза да ги започне и постигне овие промени, со цел да ги вклучи во Уставот граѓаните кои живеат во рамките на државните граници и кои се дел од други народи, како што се Бугарите.“

Во овој извештај се нотираат и односите со Грција преку забелешката за одредено непочитување на Преспанскиот договор . 

“Спроведувањето на билатералните договори со добра волја, вклучително и Преспанскиот договор, останува од суштинско значење. Членови на Владата и високи функционери во одредени случаи го игнорираат Договорот, вклучително и преку некористење на уставното име на државата, што може да влијае врз добрососедските односи.“

Осврнувајќи се на изборниот процес извештајот укажува на правните и институционални рамки кои обезбедуваат организирање на изборите но потсетуваат дека не се направени измените во изборниот законик  

„Не е постигнат напредок во усогласувањето со стандардите на ЕУ и спроведувањето на останатите препораки од  (ОБСЕ) ,   (ОДИХР) но  и Венецијанската комисија во врска со изборниот законик. Изборните дезинформации и манипулациите со странски информации остануваат недоволно адресирани. Северна Македонија треба да обезбеди усогласеност со ЕУ регулативата ,  земајќи ги предвид европските и меѓународните демократски стандарди. Парламентот може да ги остварува своите овластувања делумно ефективно.“

Според извештајот сето ова укажува на тоа дека  Институциите одговорни за процесот на ЕУ  тапкаат во место. Напредок се бележи кај дел од реформите во локалната самоупава  иако клучната легислатива сè уште е во фаза на чекање.  Меѓуетничката ситуација  е нотирана како стабилна, а Охридскиот рамковен договор продолжува  да се спроведува.  Граѓанското општество, вклучувајќи ги и застапниците за човекови права, функционира во генерално поддржувачко опкружување.

Ограничен напредок се бележи и во  ниво на подготовка за развивање на функционирачка пазарна економија.

„Реалниот раст на БДП забрза во 2025 година, поттикнат од домашната побарувачка. Инфлацијата се врати, одразувајќи ги и домашните и меѓународните ценовни притисоци. Фискалниот дефицит во 2025 година се намали во согласност со плановите, иако составот на трошоците се влоши. Извршувањето на капиталните трошоци продолжува да страда поради слабо управување со јавните инвестиции. Напорите за формализирање на неформалната економија се забавија.“

Банкарскиот сектор остануваат издржлив и покрај силниот пораст на кредитната експанзија. Ситуацијата на пазарот на труд е благо подобрена , но останува проблемот со  емиграцијата и голема родова разлика – се наведува во извештајот . 

Во делот на набавките извештајот нотира дека само 14, 3 отсто биле навремени . 

Генерално и според последниот извештај фаворитки за членство остануваат Црна Гора и Албанија а Македонија иако беше во исти пакет со Албанија сега падна во групата на земји како Косово и Србија  БиХ.