Извештај на Центар за граѓански комуникации: Корупција и судир на интереси во набавките за Ковид 19

Јавните набавки поврзани со ковид-19 и во второто полугодие од 2021 година, односно и по повеќе од една година од почетокот на кризата, изобилуваат со проблеми и ризици од корупција - покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки за заштита од Ковид-19.

Проценетите вредности на набавките и натаму се многу повисоки од цените добиени на тендерите, со што намерно се остава простор за склучување договори по повисока вредност за да има доволно пари и за корупција.

Во извештајот стои дека и натаму има големи разлики во цените за исти производи, набавени во ист временски период, што се движат и до 500 %.