Изведувачот на штипската клиничка болница се спаси од стечај

Изведувачот на штипската клиничка болница „Интракат“ се спаси од стечај откако штипски „Бетон“ се откажа од каматите и се согласи долгот од два милиони евра да го добие на рати. 

Со тоа сметката на „Интракат“ ќе се одблокира и ќе може да продолжи со изградбата на објектот на болницата. 

Судскиот процес меѓу двајцата поранешни соработници трае три години.  „Бетон“ како подизведувач тужеше затоа што не му било платено за сработеното. Вонсудската спогодба се реализираше со медијација на штипскиот градоначалник. 

Спорот помеѓу поранешните соработници ја чинеше државата близу 14 милони евра бидејќи  Банката за развој на Советот на Европа го повлече кредитот поради бавната динамика на изградба, а од Министерството за здравство тврдеа дека новото темпо на изградба зависи токму од завршуваењето на спорот.