Изумираат занаетите во охридската чаршија - нема туристи, нема ни промет
Foto

Изумираат занаетите во охридската чаршија - нема туристи, нема ни промет

И занаетчиите и трговците во охридската чаршија преживуваат уште една лоша зима. Прометот се сведува само на сезонското работење на лето и сега по некоја мала заработка за празниците. Затоа се почеста слика низ градот се затворени дуќани и работилници.

Трошоците за сметки, струја, кирија и корона пандемијата целосно го намалиле и интересот за изучување на занает. Веќе на прсти се бројат занаетчиите низ чаршијата.

Дополнителна штета врз работата во оваа гранка ќе донесе и мерката за недела неработен ден, велат од комората бидејќи многу мали бизниси чекаат токму викенд и недела за да заработат приходи во туристички Охрид. 

Како што истакнаа и претходно бараат да бидат изземени од мерката бидејќи првенствено станува збор за туристички град кој е најпосетен од туристи во викендите.

0 Коментари

Остави коментари