Изречени казни за извршителите, „27 април“ продолжува за организаторите
Foto

Изречени казни за извршителите, „27 април“ продолжува за организаторите

Судечкиот совет во Кривичниот суд во Скопје предводен од судијката Добрила Кацарска вчера им одреди вкупна затворска казна од 211 година на 16 обвинети за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како случајот „27 април“, а  ослободен од обвинение беше Игор Дурловски.

Митко Чавков доби најголема казна од 18 години, Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски – Леви – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов 10 години, Мунир Пепиќ –  15 години, Абдулфета Алими – седум години, Младен Додевски – 12 години, Јане Ченто 15 години, Горанче Ангеловски – 12 години, Игор Југ – 12, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Николо Митровски – Кољо -15 години и Александар Василевски Нинџа – осум години. 

За ВМРО-ДПМНЕ пресудата е резултат на политички монтиран процес, и е производ на евидентна неправда. За СДСМ, пак, одбраната на насилството од 27 април покажува дека матрицата на Груевски функционира преку Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Напомена дека „заврши времето кога се нарачуваа и монтираа случаи, кога се вршеше политички прогон и кога се диктираа и пишуваа пресуди надвор од судовите, најчесто во белиот дворец“ и додаде дека сега обвинителството и судството работат независно и професионално. 

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија беа помилувани 15 лица.

0 Коментари

Остави коментари