Изречени 135 сообраќајни казни во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки.

Како што соопшти МВР, меѓу изречените мерки по шест се за возење без возачка дозвола и за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас и 34 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираме до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.