Израелски воздушни напади врз јужен Либан
Foto

Израелски воздушни напади врз јужен Либан

Израелски борбени авиони извршиле два напада врз цели во предградието на либанскиот град Махмуд, околу 12 километри од израелската граница, објави телевизијата Ал Манар.

Авионите рано утрово, како одговор на претходните проектили истрелани врз Израел од либанска територија, нападнале рампи за лансирање ракети во јужен Либан.

Засега никој не ја презеде одговорноста за ракетниот напад извршен од јужен Либан, каде превласт имаат припадниците на Хезболах, поддржани од Иран.

Израелската војска во четвртокот соопшти дека нејзините борбени авиони, како одговор на ракетните напади, погодиле места од кои биле истрелани ракети кон Израел и инфраструктура „која се користи за тероризам“.

0 Коментари

Остави коментари