Израелската армија започна копнена акција во јужен Либан
Израелската армија почнала „ограничена, локализирана“ операција против Хезболах во јужен Либан, отворајќи нов фронт во нејзината војна против либанската милитантна група.„Операциите, поддржани од воздушни напади и артилерија, започнаа „пред неколку часа“ и беа насочени кон милитантната група Хезболах во селата блиску до границата“ со Израел, се вели во израелското воено соопштение.
Израелската војска не соопшти детали за тоа колку долго ќе трае операцијата, но се вели дека војниците се подготвувале со месеци.
Копнената операција почна иако американскиот претседател Џо Бајден цврсто изјави дека се противи на ваквиот потег. Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер рече дека Израел ги известил САД за акциите, опишувајќи ги како „ограничени операции фокусирани на инфраструктурата на Хезболах во близина на границата“.