Израелска армија: Разузнавачките информации покажуваат дека Иран се приближува кон „точка без враќање“ во својата нуклеарна програма

Израелската војска утриво соопшти дека разузнавачките информации што ги собрала покажуваат дека Иран се приближува кон „точката од која нема враќање“ во својата нуклеарна програма.

-Во последните месеци, акумулираните разузнавачки информации дадоа докази дека иранскиот режим се приближува кон точката од која нема враќање, се вели во соопштението.

„Конвергенцијата на напорите на иранскиот режим за производство на илјадници килограми збогатен ураниум... му овозможува на иранскиот режим да збогатува ураниум до воено ниво, овозможувајќи му на режимот да добие нуклеарно оружје во краток временски период“, се додава во соопштението.