Израел ги повика борците на Хамас да се предадат
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика борците на Хамас да се предадат доколку сакаат да останат живи. Според израелската влада, во изминативе денови, десетици борци на палестринската организација го положиле оружјето и им се предале на израелските безбедносни сили.
„Ќе биде потребно повеќе време, војната се уште е во полна сила, но ова е почеток на крајот на Хамас“, вели Нетанјаху.
Од Хамас пак се заканија дека ниту еден пд преостанатие заложници нема да излезе од Газа се додека не се исполнат нивните барања. Во меѓувреме, катарската влада, која делува како посредник меѓу двете завојувани страни, предупредува дека шансите за ново примирје меѓу Израел и Хамас се повеќе се намалуваат.