Изминатата седмица во Охрид 25, во Струга 24 и во Дебар 15 потврдени случаи на КОВИД-19
Foto

Изминатата седмица во Охрид 25, во Струга 24 и во Дебар 15 потврдени случаи на КОВИД-19

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 1 до 7 август присуство на КОВИД-19 е дијагностицирано кај 25 лица од Охрид, 24 лица од Струга и 15 лица од Дебар.

Во Охрид има 86 активни случаи на коронавирус, во Струга 190, а во Дебар 119.. Во овој период оздравени се 19 лица од Охрид, 28 лица од Струга и три лица од Дебар.

Изминатата седмица се регистрирани три смртни случаи поврзани со КОВИД-19, по една жртва во Охрид, Струга и Дебар.

0 Коментари

Остави коментари